НАЈМАЛКУ 50 ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊА ВО КЛУБ ВО ОРЛАНДО

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Орландо,(МЕТА)

    НАЈМАЛКУ 50 ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊА ВО КЛУБ ВО ОРЛАНДО

    Најмалку 50 лица се убиени, а 53 се ранети во пукањата што се случија во геј клуб во Орландо ноќта меѓу саботата и неделата, а помеѓу повредените е и еден полицаец.

    Напаѓачот е идентификуван како 27-годишниот Омар Матен, а полицијата проверува дали е поврзан со некоја екстремистичка организација.

    Матен живеел во место 150 километри оддалечено од Орландо. Според првичните информации, неговите родители се со потекло од Авганистан.

    Тој во клубот неколку часа држел заложници, а потоа бил убиен во полициска акција.

    Пукањата и нападот во ноќниот клуб може да се третираат како „домашен терористички напад“, соопшти локалната полиција која истражува дали напаѓачот дејствувал сам.

    Во меѓувреме, ФБИ соопшти дека е можно напаѓачот да имал склоност кон исламистички екстремизам.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари