НАЈМАЛКУ 66 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЈ УТРОВО ИЗГОРЕ ХОТЕЛ ВО СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА

    НАЈМАЛКУ 66 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЈ УТРОВО ИЗГОРЕ ХОТЕЛ ВО СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈАЛокалните медиуми објавија дека фасадата обложена со дрво можеби придонесла за брзото ширење на огнот (Фото: АП)

    Бројот на загинати во пожарот што утрово зафати хотел во скијачкиот центар Карталкаја во северозападна Турција порасна на 66, а има и повеќе од 50 повредени, објави министерот за здравство Кемал Мемисоглу.

    Пожарот избувнал околу 3:30 часот по локално време во ресторанот на првиот спрат на 11-катниот хотел „Гранд Картал“ и со голема брзина се проширил на целата зграда. Властите кажаа дека во тој момент во хотелот имало 238 гости.

    Некои од жртвите загинале откако скокнале од зградата во паника. ТВ-снимките покажаа како горат покривот и горните катови од хотелот, чиј капацитет бил исполнет околу 80-90% поради школскиот распуст.

    Локалните медиуми објавија дека дизајнот на хотелот, чија фасада беше обложена со дрво, можеби придонесол за брзото ширење на огнот. На терен биле испратени 30 противпожарни возила, но гаснењето било тешко поради локацијата на хотелот, кој се наоѓа покрај карпа.

    Карталкаја е популарно зимско одморалиште во планината Короглу, оддалечено 300 километри од Истанбул, односно 170 километри од Анкара.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира