НАЈМАЛКУ 99 ЗАГИНАТИ ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА НА ЦИСТЕРНА СО НАФТА ВО СИЕРА ЛЕОНЕ

    НАЈМАЛКУ 99 ЗАГИНАТИ ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА НА ЦИСТЕРНА СО НАФТА ВО СИЕРА ЛЕОНЕНесреќата се случила откако автобус се судрил со цистерната во Велингтон, предградие на Фритаун.(Фото: АП)

    Најмалку 99 лица загинаа при експлозијата на цистерна со нафта во близина на Фритаун, главниот град на африканската држава Сиера Леоне. Десетици лица се повредени откако, според изјавите на сведоците, голема маса народ дојде да ја собира нафтата што тече.

    Несреќата се случила откако автобус се судрил со цистерната во Велингтон, предградие на Фритаун.

    Според Интензивната нега, во мртовечницата во болницата Конот биле донесени 92 тела, а за околу 30 жртви со тешки изгореници не се очекува да преживеат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира