НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ЗАГИНАТИ И 120 ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИР

    НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ЗАГИНАТИ И 120 ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИРВо Измир се урнати најмалку 20 згради (Фото: Ројтерс)

    Најмалку четири луѓе загинаа, а 120 се повредени во земјотресот што денеска го погоди Измир, објави агенцијата ДПА.

    Турција објави дека тој имал јачина од 6,6 степени според Рихтерова скала, а епицентарот бил во Егејско Море, 17 километри од брегот на провинцијата Измир, северно од грчкиот остров Самос. Светските агенции јавуваат дека тресењето се почувствувало и во Атина и Истанбул, како и на грчкиот остров Крит. Земјотресот предизвикал и мало цунами, кое поплави делови на Самос.

    Градоначалникот на Измир Тунч Сојер кажа дека во земјотресот се урнати најмалку 20 згради и дека има заробени луѓе под урнатините.

    Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот имал јачина од седум степени според Рихтер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира