НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО НА БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО СТРАЗБУР

    НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО НА БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО СТРАЗБУРПолицијата објави дека напаѓачот е идентификуван и се трага по него (Фото: Гети)

    Најмалку две лица се убиени, а десет се повредени во пукањето што се случи во францускиот град Стразбур.

    Полицијата објави дека напаѓачот е идентификуван и се трага по него, а наводно е и ранет во престрелката. Министерот за внатрешни работи Кастанер го опиша инцидентот како сериозно загрозување на јавната безбедност и додаде дека антитерористичките единици се на терен.

    Пукањето се случи во близина на божиќниот пазар на еден од централните градски плоштади. Полицијата ја опкружи областа и го запре трамвајскиот сообраќај.

    Мотивот за нападот засега не е познат, но божиќни пазари во изминатите години често беа мета на закани од исламисти.

    Според непотврдени информации, три лица загинале во нападот.

    Локалниот новинар Бруно Пусар напиша на Твитер дека слушнал десетици истрели во неговата улица во центарот на градот.

    „Слушнав пукање и видов луѓе како трчаат насекаде. Ова траеше околу десет минути“, изјави еден сведок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира