НАЈМАЛКУ ОСУМ СПАСУВАЧИ ЗАГИНАЛЕ ВО ЛАВИНА ВО ТУРЦИЈА ДОДЕКА БАРАЛЕ ИСЧЕЗНАТИ ОД ПРЕТХОДНА ЛАВИНА

    НАЈМАЛКУ ОСУМ СПАСУВАЧИ ЗАГИНАЛЕ ВО ЛАВИНА ВО ТУРЦИЈА ДОДЕКА БАРАЛЕ ИСЧЕЗНАТИ ОД ПРЕТХОДНА ЛАВИНАВо првата лавина биле затрупани две возила на автопат, при што загинале пет луѓе (Фото: Анадолија)

    Најмалку осуммина членови на спасувачките екипи загинаа откако втора голема лавина погоди планински пат во источна Турција, додека 20-ина се затрупани под снегот, изјави локален градоначалник. Тие биле пратени на оваа локација откако двајца луѓе исчезнале во претходна лавина.

    Околу 300 припадници на итни служби биле повикани на автопат во близина на Бахчешехир, град окружен со планини, откако пет лица загинале во лавина синоќа.

    Градоначалникот Меки Арвас кажа дека 25 спасувачи се извлечени од снегот и превезени во болница, но нивната состојба не е позната.

    Во првата лавина биле затрупани возило за чистење снег и минибус, при што загинале пет луѓе, а двајца се исчезнати. Втората лавина удрила во моментот кога 300 спасувачи работеле на локацијата, барајќи ги двајцата исчезнати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира