Најмалку пет лица загинаа во пукања во и околу мигрантски камп близу францускиот град Данкирк. 22-годишник, кој тврди дека пукал, се предал во најблиската полициска станица.
Наводниот напаѓач ѝ кажал на полицијата дека убил човек во францускиот град Вормут и потоа убил уште четворица во мигрантскиот камп Лун-Плаж.
Од четворицата загинати во кампот, двајца се од обезбедувањето и двајца мигранти.
Властите нашле три парчиња оружје во возилото на осомничениот, јавија француските медиуми. Засега не е јасен мотивот за убиствата.
Според француските медиуми, кампот постои со години и во него престојуваат најмногу Курди и Авганистанци, вклучувајќи многу фамилии со мали деца.