НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИ ОД НЕВРЕМЕТО ШТО ГО ЗАФАТИ ХАЛКИДИКИ ВО ГРЦИЈА

    НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА МРТВИ ОД НЕВРЕМЕТО ШТО ГО ЗАФАТИ ХАЛКИДИКИ ВО ГРЦИЈАПоради невремето, повеќе области од Халкидики останале без струја, а било отежното и движењето по патиштата поради паднатите дрва. (Фото: Тесњуз)

    Најмалку петмина загинале за време на големото невреме што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, објави весникот „Катимерини“ во своето интернет издание, повикувајќи се на локални медиуми.

    Полицијата ја потврдила смртта на една жена од Романија во местото Неа Плагиа, кога врз неа паднал покрив од таверна, додека нејзината мајка и сестра биле поврдени. Во Созопол, маж и жена, чиј идентитет уште не е утврден загинале кога врз нив се превртела камп приколка. Во хотел во Неа Потидеа дрво паднало врз татко и двегодишен син.

    Локалните власти и противпожарни екипи интервенирале на десетина места на двата крака на полуостровот, Касандра и Ситонија. Се трага и по неколкумина пријавени за исчезнати, меѓу кои имало и рибари.

    Поради невремето, повеќе области од Халкидики останале без струја, а било отежното и движењето по патиштата поради паднатите дрва.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари