НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА ИСЧЕЗНАТИ ПО УРИВАЊЕТО НА МОСТ ВО БАЛТИМОР, СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ГО ОТЕЖНУВА СПАСУВАЊЕТО

    НАЈМАЛКУ СЕДУММИНА ИСЧЕЗНАТИ ПО УРИВАЊЕТО НА МОСТ ВО БАЛТИМОР, СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ГО ОТЕЖНУВА СПАСУВАЊЕТОБродот „Дали“ изгубил погон пред да удри во потпорна кула на мостот (Фото: АП)

    Најмалку седум возила паднале во реката Патапско откако ноќеска се урна голем мост во американскиот град Балтимор, во кој претходно удри голем товарен брод. Спасувачите извлекле двајца луѓе од реката, од кои еден бил во многу сериозна состојба, додека портпаролот на противпожарната служба на Балтимор, Кевин Картрајт, претходно изјави дека во реката би можело да има 20-ина луѓе, заедно со бројни возила.

    Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, прогласи вонредна состојба по несреќата во која учествуваше 300 метри долгиот товарен брод „Дали“, кој пловел под знамето на Сингапур и само што го почнал патувањето кон Шри Ланка. Откако удрил во столб на мостот, бродот се запалил и потонал, но нема повредени меѓу членовите на посадата.

    Во моментот на несреќата, на мостот „Френсис Скот Ки“, кој е долг речиси три километри, имало работници. Студеното време и ниската температура на водата го отежнуваат спасувањето.

    „Ова е настан со многу жртви. Операцијата би можела да трае со денови“, изјави Картрајт.

    Ова би можела да биде најтешката несреќа со уривање на мост во САД од 2007, кога загинаа 13 луѓе при уривање на мост на реката Мисисипи во Минеаполис.

    Агенцијата за сајбербезбедност и безбедност на инфраструктурата потврди дека бродот изгубил погон пред да удри во потпорна кула на мостот. Бродот „Дали“ учествувал и во инцидент во пристаништето на Антверпен во 2016, за кој не беа објавени детали.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира