368 МРТВИ И РЕЧИСИ 3.000 НОВОЗАРАЗЕНИ – НАЈЦРН ДЕН ВО ИТАЛИЈА ДОСЕГА

    368 МРТВИ И РЕЧИСИ 3.000 НОВОЗАРАЗЕНИ – НАЈЦРН ДЕН ВО ИТАЛИЈА ДОСЕГАВкупната бројка починати во Италија се искачи на повеќе од 1.800 (Фото: Анса)

    Дури 368 луѓе починаа од коронавирусот во Италија во последните 24 часа, што е убедливо најголема бројка во еден ден. Досегашниот црн рекорд беше остварен пред два дена, кога имаше 250 мртви. Во Италија досега починаа 1.809 луѓе.

    Специјалниот комесар Анџело Борели соопшти дека во земјата има и 2.853 новозаразени, што исто така е рекорд за еден ден, а од почнувањето на кризата севкупно се заразиле 27.747 луѓе.

    Ситуацијата е најтешка во регионот Ломбардија, каде што има нови 252 починати.

    Италија веќе неколку дена е во целосен карантин, а отворени се само продавници за храна и аптеки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира