НАПАДОТ СО ДВЕ ЖРТВИ ВО ЛАЈПЦИГ НЕМАЛ ПОЛИТИЧКИ ИЛИ ВЕРСКИ МОТИВ, КАЖА ПОЛИЦИЈАТА, УАПСЕН 33-ГОДИШЕН ГЕРМАНЕЦ

    НАПАДОТ СО ДВЕ ЖРТВИ ВО ЛАЈПЦИГ НЕМАЛ ПОЛИТИЧКИ ИЛИ ВЕРСКИ МОТИВ, КАЖА ПОЛИЦИЈАТА, УАПСЕН 33-ГОДИШЕН ГЕРМАНЕЦИнцидентот се случи во популарна шопинг улица во Лајпциг (Фото: ДПА)

    Германската полиција кажа дека вчерашниот напад со автомобил во центарот на Лајпциг немал верски или политички мотиви. Триесет и тригодишен германски државјанин е уапсен на самото место откако со автомобил удри десетици пешаци во популарна шопинг улица во Лајпциг, при што загинаа две лица. Тој ѝ се предал на полицијата без да дава отпор.

    Во нападот загинаа 63-годишна жена и 77-годишен маж, двајцата германски државјани, а 22 луѓе се повредени.

    Шефот на покраината Саксонија, Михаел Кречмар, изјави дека напаѓачот порано страдал од ментални проблеми, но мотивот на нападот не е јасен.

    Апсолутно сме шокирани од она што се случи. Еден човек со голема брзина влезе во трговската област. Моментално жалиме за две жртви, три лица се со тешки повреди и многу други се повредени“, рече градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг.

    Полицијата синоќа го опиша инцидентот како намерен, но нема назнаки дека некој друг е вмешан.

    Врз основа на сегашните сознанија, истражителите не веруваат дека сторителот имал политички или религиозен мотив, ниту дека имал помагачи“, изјави шефот на полицијата на Лајпциг, Рене Демлер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира