Во пукањето во трговскиот центар во Минхен загинаа најмалку десет луѓе, вклучувајќи го и напаѓачот, кој е 18-годишен Германец со иранско потекло, соопшти полицијата.
Полицијата првично дејствуваше со претпоставка дека има најмалку тројца напаѓачи, водејќи се по изјави на сведоците. Сега, полицијата верува дека имало само еден напаѓач, кој дејствувал сам и извршил самоубиство. Од полицијата велат дека не им бил познат од претходно и не е на ниту една листа на лица поврзани со тероризам.
Засега не е јасна мотивацијата на напаѓачот и полицијата вели дека нема докази за каква било поврзаност со терористички организации. Полицијата со часови го пребаруваше градот за да го најде напаѓачот, а повикана беше и елитната германската антитерористичка единициа да помогне со потрагата.
Телото на напаѓачот беше пронајдено на еден километар од терористичкиот напад.
НАПАЃАЧОТ ОД МИНХЕН Е 18-ГОДИШЕН ГЕРМАНЕЦ СО ИРАНСКО ПОТЕКЛО, ДЕЈСТВУВАЛ САМ
a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Минхен,(разниизвори)