НАПАЃАЧОТ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА ПРЕМИНАЛ ВО ИСЛАМ, Ѝ БИЛ ПОЗНАТ НА ПОЛИЦИЈАТА

    НАПАЃАЧОТ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА ПРЕМИНАЛ ВО ИСЛАМ, Ѝ БИЛ ПОЗНАТ НА ПОЛИЦИЈАТАСтрела забиена во ѕид од вчерашниот напад во Конгсберг, во кој се убиени пет лица (Фото: АП)

    Данскиот државјанин кој синоќа уби петмина со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг преминал во ислам и покажувал знаци на радикализација, објави полицијата. Четири од неговите жртви се жени.

    Шефот на регионалната полиција Оле Бредруп Северуд изјави дека полицијата последен пат била во контакт со него минатата година. Триесет и седумгодишниот напаѓач бил уапсен 35 минути по почетокот на нападот во еден супермаркет и бил испрашуван неколку часа во текот на ноќта.

    „Жртвите се на возраст од 50 до 78 години. Тие најверојатно се убиени откако тој избегал по првичниот судир со полицајците“, кажа Северуд.

    Во нападот се повредени уште две лица, од кои еден полицаец кој не бил на должност.

    „Осомничениот соработува со полицијата и ја призна вмешаноста во нападот. Тој ги изнесе сите детали“, изјави портпаролот на полицијата.

    Напаѓачот, кој живеел во областа на Конгсберг, најверојатно дејствувал сам, смета полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира