НАСА ПАК ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО НА ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТА, СЕГА Е НАЈАВЕНО ЗА СРЕДИНА НА 2027

    НАСА ПАК ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО НА ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТА, СЕГА Е НАЈАВЕНО ЗА СРЕДИНА НА 2027Новото одложување делумно се должи на проблеми со капсулата „Орион“ (Фото: НАСА)

    НАСА повторно ја одложи програмата „Артемис“, со која луѓето треба се вратат на Месечината по пауза од повеќе од 50 години. Слетувањето што беше планирано за 2026, сега е поместено за средина на 2027.

    Исто така, мисијата за испраќање астронаути околу Месечината ќе се изведе најрано во април 2026, место во септември следната година.

    Новото одложување делумно се должи на проблеми со капсулата „Орион“, во која ќе бидат сместени астронаутите во текот на двете мисии. НАСА претходно откри дека топлинскиот штит на леталото, кој го спречува „Орион“ да изгори при повторното влегување во атмосферата на Земјата, се јагленисал и еродирал на неочекуван начин за време на мисијата „Артемис 1“ без екипаж во 2022.

    „НАСА направи опширно тестирање за да го разбере ризикот што ќе го имаат нашите астронаути додека ги исполнуваат целите за слетување на Месечината. Ова тестирање успеа да ја идентификува основната причина за проблемите со топлинскиот штит“, кажа шефот на НАСА, Бил Нелсон.

    Слетувањето на Месечината првично се планираше за 2028, но во 2019, тогашниот потпретседател на САД Мајк Пенс кажа дека програмата значително ќе биде убрзана, со цел првото слетување да се случи во 2024. Ова беше дел од вселенската трка со Кина, која најави дека планира да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира