НАШИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО УКРАИНА ЌЕ СЕ ФОКУСИРААТ НА ЦЕЛОСНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ДОНБАС, КАЖА МОСКВА

    НАШИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО УКРАИНА ЌЕ СЕ ФОКУСИРААТ НА ЦЕЛОСНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ДОНБАС, КАЖА МОСКВАРуските сили се соочија со силен отпор на северот на Украина и околу Киев (Фото: АП)

    Шефот на руската војска изјави дека нејзината операција во Украина отсега ќе се фокусира на „целосното ослободување“ на источниот регион Донбас. Според министерството за одбрана, тоа била една од првичните две опции на „специјалната воена операција“, при што втората се однесувала на целата Украина.

    Овие информации ги објавија државните медиуми и навестуваат можно намалување на руските воени активности во Украина. Руските сили се соочија со силен отпор на северот на Украина и околу Киев.

    Сергеј Рудској, шефот на главниот оперативен оддел на генералштабот на руските вооружени сили, кажа дека 93% од регионот Луганск и 54% од регионот Доњецк се под руска контрола.

    „Русија уништи најголем дел од украинските воздушни и поморски сили и тоа означува успешен крај на првата фаза од конфликтот“, додаде Рудској.

    Сепак, министерството за одбрана не ја отфрла можноста за упад во украинските градови кои се блокирани.

    Москва по вторпат од почетокот на инвазијата ги објави бројките за загубите на руската војска, тврдејќи дека досега загинале 1.351 војник, а 3.825 се ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира