Насилни протести вчера се одржаа низ Италија откако владата воведе нови рестрикции со цел да се запре вториот бран на ширењето на коронавирусот.
Судири помеѓу полицијата и демонстрантите имаше во повеќе градови. Во Торино, полицијата беше гаѓана со молотови коктели и беа искршени неколку луксузни продавници, а во Милано таа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Насилства имаше и во Неапол.
Протестите, кои се одржаа во десетина градови, почнаа набргу откако владата донесе нов пакет мерки за заштита од коронавирусот, при што нареди затворање на рестораните, баровите, теретаните и кината во 18 часот. Некои региони, како Ломбардија и Пиемонт, воведоа и општа забрана за движење во ноќните часови. Новите мерки ќе бидат на сила најмалку до 24 ноември.