НАТО МЕ РАЗОЧАРА, НО НЕ НИ ТРЕБА НИЧИЈА ПОМОШ ОКОЛУ ИРАН, КАЖА ТРАМП

    НАТО МЕ РАЗОЧАРА, НО НЕ НИ ТРЕБА НИЧИЈА ПОМОШ ОКОЛУ ИРАН, КАЖА ТРАМПТрамп кажа дека повеќето членки на НАТО му рекле дека не сакаат да се вмешаат во војната (Фото: АП)

    Доналд Трамп ги нападна сојузниците од НАТО и кажа дека САД сега не требаат ничија помош во војната против Иран. Тој откри дека повеќето членки на НАТО му рекле дека не сакаат да се вмешаат во „американската воена операција против терористичкиот режим на Иран“, па го одбиле неговото барање да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец.

    Не ни треба ничија помош, иако сите ќе имаат корист од она што го направија САД. Беше многу важно да се отстрани нуклеарната закана од Иран. САД го направија тоа многу силно, иранската војска е збришана. НАТО направи глупава грешка, ме разочара. Не ни требаат, но требаше да бидат тука“, кажа Трамп.

    Тој додаде дека не е изненаден од одговорот на сојузниците, зашто отсекогаш го сметал НАТО за еднонасочна улица.

    Поради фактот дека имавме така голем успех, повеќе не ни треба ничија помош. Ни од НАТО, ни од Јапонија, Австралија или Јужна Кореја. САД се убедливо најмоќната држава на светот и не им треба помош од никого“, порача Трамп.

    Запрашан дали размислува за излегување на САД од НАТО, Трамп одговори:

    „Тоа е секако нешто за кое треба да размислиме. Не ми е потребен Конгресот за таа одлука. Моментално немам ништо на ум, но не сум баш воодушевен“.

    Реагирајќи на оставката на својот шеф за контраразузнавање Џо Кент зашто се противел на војната со Иран, Трамп нагласи дека Иран беше закана и сите држави го сфаќаа тоа.

    Уште не сме спремни да заминеме од Иран. Но, ќе заминеме во многу блиска иднина“, кажа Трамп, додавајќи дека ја одложил посетата на Кина за неколку недели. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира