НОВИТЕ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУС МОЖЕБИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ПОВТОРНО ЗАРАЗУВАЊЕ, СМЕТААТ НАУЧНИЦИТЕ

    НОВИТЕ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУС МОЖЕБИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ПОВТОРНО ЗАРАЗУВАЊЕ, СМЕТААТ НАУЧНИЦИТЕДеведесет отсто од новите случаи на коронавирус во Јужна Африка се поврзани со тамошниот нов сој (Фото: Ројтерс)

    Сѐ повеќе докази укажуваат на тоа дека зараза со ковид-19 можеби не нуди заштита од фаќање на некоја од новите варијанти на коронавирус. Но, луѓето можат повторно да се заразат и со раните верзии на коронавирус доколку првиот пат не развиле силна одбрана, сугерира ново истражување.

    Колку долго трае имунитетот по заразата е едно од големите прашања на актуелната пандемија. Научниците сметаат дека повторна зараза ретко се случува и е помалку сериозна од првата, но последниот развој на настаните низ светот создава загриженост.

    Во Јужна Африка, 2% од заразените повторно се заразиле со тамошниот нов сој. Во Бразил, истражувачите се обидуваат да утврдат дали повторно заразување е причина за голем број нови случаи на коронавирус во Манаус. Во САД, извесен број војници имале негативен тест откако прележале коронавирус, за потоа повторно да се заразат, но ова се случило пред појавата на новите варијанти.

    „Прележување на коронавирус не ви дава никаква слобода. Значителен ризик од повторно заразување постои“, изјави Стјуарт Селфон од Медицинското училиште во Маунт Синај во Њујорк.

    Дури и доколку повторната зараза поминува без симптоми, луѓето пак можат да го шират вирусот. Затоа експертите велат дека вакцинирањето е долготрајно решение и препорачуваат да се носи маска, да се држи растојание и редовно да се мијат раце.

    Лекарите во Јужна Африка велат дека бројот на нови случаи на коронавирус се зголемил на крајот на минатата година во областите каде што крвни тестови покажале дека многу луѓе веќе го прележале вирусот. Научниците утврдија дека новата варијанта е позаразна и поотпорна на одредени третмани. На неа сега отпаѓаат 90% од новите случаи на зараза во Јужна Африка, а се прошири и во 40 други држави, меѓу кои и САД.

    „Се чини дека повторно заразување е можно. Ова сѐ уште не разбираме целосно и зошто не се развил имунитет“, вели имунологот Џон Вери од Универзитетот на Пенсилванија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира