НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН, ПОТВРДИЈА ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИ

    НАВАЛНИ БИЛ ОТРУЕН, ПОТВРДИЈА ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИСостојбата на Навални е сериозна, но не е животно загрозувачка (Фото: АП)

    Рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен, изјавија лекарите од берлинската болница каде што тој го продолжи лекувањето.

    „Клиничките докази упатуваат на труење со супстанца која припаѓа на групата инхибитори колиностераза. Неговата состојба е сериозна, но не е животно загрозувачка“, се вели во соопштението на болницата „Чарите“.

    На 44-годишниот Навални му се слоши во четвртокот додека патуваше со авион од сибирскиот град Томск во Москва. Неговите приврзаници веднаш се посомневаа дека тој бил отруен.

    „Точната супстанца засега не е позната. Сега почнаа пообемните анализи. Ефектите на отровот се потврдени во повеќе наврати во независни лаборатории“, рекоа од болницата, додавајќи дека тој прима терапија со атропин.

    Оттаму велат дека засега не можат да го предвидат исходот на лекувањето и предупредија на можни последници по нервниот систем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира