НАВАЛНИ ДОБИ ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ИЗМАМА

    НАВАЛНИ ДОБИ ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ИЗМАМАНавални од лани веќе служи две и пол години затвор (Фото: АП)

    Еден од најголемите критичари на Кремљ, Андреј Навални, доби девет години затвор откако денеска беше прогласен за виновен за измама од големи размери и за непочитување на судот. Навални (45) веќе служи две и пол години затвор за прекршување на условната казна.

    Тој сега доби и парична казна од 11.535 долари, но избегна максимална затворска казна од 13 години. Се изјасни како невин, а судскиот процес го опиша како политички мотивиран.

    Навални беше затворен минатата година веднаш по враќањето во Русија од Германија, каде што неколку месеци се лекуваше по труењето со нервен агенс.

    Руските власти ги оквалификуваа Навални и неговите приврзаници како поткопувачи на Русија поддржани од западот. Многумина негови сојузници ја напуштија Русија со цел да избегнат затвор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира