НАВАЛНИ ИЗМАМИЛ РУСКИ АГЕНТ КОЈ МУ ОТКРИЛ ДЕКА МУ СТАВИЛЕ ОТРОВ ВО ГАЌИ

    НАВАЛНИ ИЗМАМИЛ РУСКИ АГЕНТ КОЈ МУ ОТКРИЛ ДЕКА МУ СТАВИЛЕ ОТРОВ ВО ГАЌИНавални сѐ уште заздравува во Берлин од нападот во август (Фото: ЕПА)

    Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални успеал да измами агент на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), кој му ги открил деталите за обидот за неговото труење со нервниот агенс новичок, се вели во извештајот на истражувачката група „Белингкет“.

    Агентот Константин Кудрјавцев рекол дека новичок бил ставен во гаќите на Навални, кој сѐ уште заздравува во Берлин од нападот во август. Тој паднал во кома во авион додека од Сибир се враќал во Москва.

    „Белингкет“ кажа дека Навални се претставил како официјално лице од руската разузнавачка служба, а повикот бил наместен како да доаѓа од линија на ФСБ. Кудрјавцев кажал дека мисијата да се убие Навални била неуспешна поради добрата реакција на пилотот и лекарскиот тим во Омск, каде што тој ја примил првата медицинска помош.

    Кудрјавцев рекол дека потоа бил испратен во Омск за да ја заплени облеката на Навални и да ги отстрани трагите од отровот. Руските власти засега не излегоа со коментар.

    Владимир Путин минатата недела изјави дека „Белингкет“ е трик измислен од американските разузнавачи. Ова уследи откако „Белингкет“ ги објави имињата на неколкумина агенти на ФБС, кои со години се обидувале да го отрујат Навални.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира