Голем пожар избувна во дискотека во германскиот град Кел рано утрово, околу 750 гости беа евакуирани на време. Причината за пожарот сè уште е нејасна.
Според полицијата, пожарот избувнал во дискотеката „К“ во Кел, мал град во покраината Баден-Виртемберг, околу 3:45 часот, а потоа ја зафатил целата зграда. Според првичните информации од операторот, во клубот во моментот на пожарот имало околу 750 луѓе. Три лица добиле медицинска помош.
Најмалку 80 пожарникари, полицајци и спасувачки служби го гасеа пожарот неколку часа. Испитани се неколку сведоци за да се утврди причината за пожарот, но сè уште нема информации.
Клубот „К“ во Кел е популарно место во регионот за хип-хоп и афро музика бидејќи е на самата граница со Франција и редовно привлекува гости од блискиот Стразбур. Вкупно, клубот нуди простор за до 1.500 гости со 400 седишта. Според полицијата, соседните згради не се во опасност од пожарот.



