НЕ Е ДОКАЖАНА ВРСКА ПОМЕЃУ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ И РИЗИКОТ ОД ТРОМБОЗА, НО Е МОЖНА, ВЕЛИ ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ

    НЕ Е ДОКАЖАНА ВРСКА ПОМЕЃУ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ И РИЗИКОТ ОД ТРОМБОЗА, НО Е МОЖНА, ВЕЛИ ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИМакедонија денеска ја почна имунизацијата на лицата над 77 години со „АстраЗенека“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека не идентификувала ниеден ризичен фактор кој би се поврзал со случаите на тромбоза кои наводно се случиле по давањето на вакцината на „АстраЗенека“.

    Таа се огласи откако неколку земји, вклучувајќи ги Канада, Германија, Франција и Шпанија, кажаа дека ќе ја ограничат нејзината употреба на одредена популација, како постари луѓе и суштински работници.

    „Придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците. Врската помеѓу вакцината и ризикот на тромбоза не е докажана, но е можна и продолжуваме со анализите“, соопшти ЕМА.

    Германија вчера престана да ја дава вакцината на лицата под 60 години откако биле забележани 31 случај на редок тип на тромбоза меѓу 2,7 милиони вакцинирани со „АстраЗенека“. Франција и Канада ја ограничија употребата на лицата постари од 55 години.

    И Македонија, каде што  денеска ја почна имунизацијата на лицата над 77 години со „АстраЗенека“, одлучи вакцината да не ја дава на помлади од 60 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира