НЕ Е ФЕР ШТО ТРАМП БАРА САМО ОД УКРАИНА ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР, УКРАИНЦИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ПРОСТАТ АКО ГО ПРЕДАДЕМЕ ДОНБАС, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    НЕ Е ФЕР ШТО ТРАМП БАРА САМО ОД УКРАИНА ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР, УКРАИНЦИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ПРОСТАТ АКО ГО ПРЕДАДЕМЕ ДОНБАС, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски смета дека Украинците би прифатиле замрзнување на фронтот на сегашните линии (Фото: Гети)

    Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека бил постигнат значаен напредок на првиот ден на мировните разговори помеѓу Украина и Русија во Женева, додека Володимир Зеленски го критикуваше Доналд Трамп дека постојано бара преголеми отстапки од Киев. Трамп претходно кажа дека успехот на разговорите зависи од Украина, без да ја спомне Русија, иако таа не се откажува од своите максималистички територијални барања.

    Во интервју за американскиот сајт „Аксиос“, Зеленски кажа дека не е фер што Трамп упорно ја повикува само Украина да склучи договор.

    Траен мир нема да се постигне ако победата едноставно ѝ биде предадена на Русија. Се надевам дека тоа е негова тактика, а не одлука“, рече Зеленски.

    Русија инсистира Украина во целост да се повлече од регионот Донбас и Зеленски кажа дека од неговата земја постојано се бара да прифати непропорционални компромиси во споредба со Русија.

    Спремен сум да разговарам за повлекување на трупите, но само ако и Русија ги повлече своите сили на еквивалентно растојание. Доколку мировен договор предвидува едноставно повлекување на украинската страна од Донбас, жртвувајќи ги суверенитетот и државјанството на луѓето кои живеат таму, верувам дека тоа би било отфрлено на референдум. Луѓето никогаш нема да го простат ова. Тие нема да ми простат мене, нема да им простат на САД. Донбас е дел од нашата земја“, рече Зеленски.

    Тој смета дека Украинците би прифатиле замрзнување на фронтот на сегашните линии.

    Ако го ставиме тоа во мировен договор, мислам дека луѓето би го поддржале на референдум. Тоа е мое мислење. Но, Русија инсистира на целосното преземање на Донбас преку разговори или со сила“, вели Зеленски.

    Тој го критикуваше и главниот руски преговарач Владимир Медински дека премногу филозофира за историските корени на војната.

    Ние немаме време за такви срања. Мора да одлучиме и да ја завршиме војната“, порача Зеленски.

    Иако засега ништо не било решено, Зеленски вели дека е можно да има претседателски избори заедно со референдум, додавајќи дека за тоа е потребно 60-дневно примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира