Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да забрани влез во земјата за неколку доминантно муслимански земји не може да се оправда поради грижа за безбедноста, соопшти нејзиниот портпарол.
„Таа е уверена дека дури и неопходната и решителна борба против тероризмот не го оправдува потегот да се стават под генерален сомнеж луѓето со одредено потекло или со одредена вера“, изјави Штефен Заиберт во Берлин.