Руското министерство за одбрана демантираше дека се напаѓаат украински градови, туку дека со високо прецизни оружја се гаѓаат воената инфраструктура, противвоздушната одбрана и воздушните сили на Украина.
Од украинската влада кажаа дека утрово имало ракетни напади на Киев и движења на руските трупи во јужниот град Одеса. Тие исто така ја преминале границата кај Харков, кој е оддалечен 40 километри од руската граница.
Од украинското министерство за надворешни работи кажаа дека во Киев биле бомбардирани командните центри и седиштата на украинската армија. Повеќе извештаи велат дека во нападот учествуваат и руските трупи стационирани во Белорусија, со што Украина се напаѓа од северот, истокот и југот.
Владимир Путин утрово објави почеток на воена операција во источна Украина, со цел, како што кажа, да се заштити тамошното население. Тој изјави дека целта на Русија не е окупација на Украина.