НЕ ПЛАНИРАМЕ ДА НАПАДНЕМЕ НИЕДНА ЧЛЕНКА НА НАТО, НО ЌЕ ГИ УРИВАМЕ АВИОНИТЕ „Ф-16“ ВО УКРАИНА, КАЖА ПУТИН

    НЕ ПЛАНИРАМЕ ДА НАПАДНЕМЕ НИЕДНА ЧЛЕНКА НА НАТО, НО ЌЕ ГИ УРИВАМЕ АВИОНИТЕ „Ф-16“ ВО УКРАИНА, КАЖА ПУТИНПутин кажа дека односите помеѓу САД и Русија никогаш не биле полоши (Фото: ЕПА)

    Русија нема планови да нападне ниедна членка на НАТО, па така ни Полска, Чешка и балтичките земји, но ќе ги урива авионите „Ф-16“ над Украина ако ѝ бидат дадени од западот, порача Владимир Путин.

    Зборувајќи на средба со руски воени пилоти, Путин истакна дека иако по распаѓањето на Советскиот Сојуз западната алијанса се проширила на исток кон Русија, Москва нема планови да нападне членка на НАТО.

    Ние немаме агресивни намери кон тие држави. Полска, Чешка и балтичките земји се уплашени, но идејата дека ќе нападнеме некоја од нив е целосна глупост“, кажа Путин.

    Во услови кога Вашингтон ја снабдува Украина со оружје, пари и разузнавачки информации, Путин кажа дека односите помеѓу САД и Русија никогаш не биле полоши. Додаде дека ни западните авиони „Ф-16“ нема да ја променат ситуацијата на бојното поле.

    Ако ѝ дадат авиони на Украина, за кои веќе ги обучуваат пилотите, тоа нема ништо да промени и тие ќе станат легитимна цел“, вели Путин, додавајќи дека „Ф-16“ можат да носат и нуклеарно оружје.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера кажа дека авионите „Ф-16“ ќе пристигнат во Украина во следните месеци. Белгија, Холандија, Данска и Норвешка се меѓу земјите кои на Украина ѝ ветија авиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира