НЕ ПОСТОИ ОФАНЗИВНА ЗАКАНА ЗА РУСИЈА, КАЖА БАЈДЕН И ОБЈАВИ ДЕКА УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 31 ТЕНК „АБРАМС“

    НЕ ПОСТОИ ОФАНЗИВНА ЗАКАНА ЗА РУСИЈА, КАЖА БАЈДЕН И ОБЈАВИ ДЕКА УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 31 ТЕНК „АБРАМС“„Абрамс“ важат за едни од најнапредните борбени тенкови (Фото: Шатерсток)

    Џо Бајден објави дека Украина ќе добие 31 тенк „М1 абрамс“, што е рамно на еден украински тенковски баталјон. Ова следува откако и Германија попушти и кажа дека ќе испрати 14 тенкови „леопард“ и притоа им дозволи и на други земји да го направат тоа. Полска, Финска, Шпанија, Норвешка и Холандија веќе изразија подготвеност да испратат тенкови.

    Ова се најспособните тенкови на светот. САД ќе обезбедат обука и одржување за Украина за да се осигура овие тенкови да бидат одржливи на бојното поле“, кажа Бајден.

    Тој се обрати од Белата куќа откако телефонски разговарал со лидерите на Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

    Низ сите чекори од оваа ужасна, брутална агресија, американскиот народ ја даваше својата силна поддршка за Украина. Остануваме обединети. Ќе бидеме со Украина колку што е потребно“, кажа Бајден.

    Абрамс“ важи за еден од најнапредните борбени тенкови, но се одликува со голема потрошувачка на гориво. Експертите истакнуваа дека „леопарди“ се најсоодветен избор зашто ги има во доволен број, достапни се и лесно се одржуваат. Официјални лица кажаа дека Украина дури за неколку месеци би можела да ги добие американските тенкови.

    Бајден инсистира дека тенковите имаат за цел да ѝ помогнат на Украина да се брани и да ја заштити својата територија.

    Не постои офанзивна закана за Русија. Ако нејзината војска се врати во Русија, оваа војна би завршила уште денеска“, изјави Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира