НЕ ПРИФАЌАМЕ ПРИМИРЈЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ЗАЛОЖНИЦИТЕ, КАЖА НЕТАНЈАХУ

    НЕ ПРИФАЌАМЕ ПРИМИРЈЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ЗАЛОЖНИЦИТЕ, КАЖА НЕТАНЈАХУСАД го притиска Израел да прифати хуманитарни паузи заради влегување помош во Газа (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците за привремено примирје во борбите со Хамас. Тој кажа дека нема да се согласи на таков потег сѐ додека не бидат ослободени сите заложници што Хамас ги зеде во нападот на 7 октомври.

    Нетанјаху ѝ се обрати на јавноста по средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој вторпат го посети Израел со надеж дека ќе го наговори да прифати хуманитарни паузи во конфликтот со цел да се овозможи влегување помош во Газа. Блинкен кажа дека такви паузи би создале подобро окружување во кои заложниците би биле ослободени.

    Јасно дадов на знаење дека продолжуваме со сета сила. Израел не прифаќа привремено примирје кое не вклучува враќање на нашите заложници“, кажа Нетанјаху.

    Како и Израел, и САД ги отфрли меѓународните повици за примирје, туку предлага локализирани паузи. При денешната посета, Блинкен нагласи дека Израел има право да прави сѐ што е во негова можност за да не се повтори нападот од 7 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира