НЕ САКАМЕ ДА ЈА ОКУПИРАМЕ ГАЗА, НО ПО ВОЈНАТА СО ХАМАС ЌЕ ИМАМЕ ПРАВО ДА ВЛЕЗЕМЕ СО СИЛА АКО БИДЕ ПОТРЕБНО, КАЖА НЕТАНЈАХУ

    НЕ САКАМЕ ДА ЈА ОКУПИРАМЕ ГАЗА, НО ПО ВОЈНАТА СО ХАМАС ЌЕ ИМАМЕ ПРАВО ДА ВЛЕЗЕМЕ СО СИЛА АКО БИДЕ ПОТРЕБНО, КАЖА НЕТАНЈАХУВо израелските бомбардирања на Газа од 7 октомври загинале повеќе од 10.800 Палестинци (Фото: АП)

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема намера да ја освои, окупира или да владее со Газа по завршувањето на војната со Хамас, но ќе има право со сила да влезе во енклавата ако биде потребно, за да се спречат закани од милитантите. Тој претходно кажа дека Израел на неодредено време ќе биде одговорен за безбедноста на Газа, што беше критикувано од САД, неговиот главен сојузник.

    Ние не сакаме да ја освоиме или окупираме Газа, ниту сакаме да управуваме со неа. Ќе има нова цивилна влада која ќе ја обликува Газа, но Израел ќе мора да биде сигурен дека нападите како оној од 7 октомври веќе нема да се повторат. Затоа, ќе имаме право со сила да влеземе во Газа ако биде потребно и да спречиме појава на ентитети како Хамас“, изјави Нетанјаху.

    САД сметаат дека Палестинската самоуправа, која има одредени надлежности на окупираниот Западен Брег, би можела да се врати на власт во Газа.

    По војната, сакаме да видиме демилитаризирана, дерадикализирана и обновена Газа“, кажа Нетанјаху.

    Во израелските бомбардирања на Газа од 7 октомври загинале повеќе од 10.800 Палестинци и за да се намалат цивилните жртви, Израел ќе почне да воведува четиричасовни воени паузи во северна Газа секој ден. Сепак, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нагласи дека овие паузи ќе бидат локализирани и прецизни мерки, кои нема да значат целосен прекин на борбите.

    Ќе има два хуманитарни премина, преку кои цивилите ќе можат да ги напуштат областите во кои што се водат борби“, изјави Џо Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира