Украина ја пофали храброста на премиерите на Полска, Чешка и Словенија кои тргнаа на долго и опасно патување со воз до Киев за да ѝ искажат поддршка, додека градот се најде под нови руски напади. Тие се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски синоќа, откако во Киев почна полициски час.
„Не сте сами. Се воодушевуваме на вашата храброст“, ѝ порача чешкиот премиер Петр Фјала на Украина.
Фјала, Матеуш Моравјецки и Јанез Јанша се првите странски лидери кои ја посетија Украина од почетокот на руската инвазија пред три недели.
„Европа никогаш нема да биде иста ако ја изгуби Украина. Напротив, ќе биде понижена, поразена, патетична верзија на себеси“, кажа полскиот премиер Моравјецки.
За време на разговорите, во далечина се слушале експлозии кои доаѓале од борбите на западниот крај на градот. Брисел кажа дека бил свесен за патувањето на тројцата премиери, но тоа не било под ничии инструкции.
„Вашата посета е моќен израз на поддршка за Украина“, кажал Зеленски.
Тие решиле да патуваат со воз зашто летањето со полски воен авион Русија можела да го протолкува како опасна провокација. Не е познато кога возот ќе се враќа за Варшава.