Аеродромот во Минхен повторно работи откако ноќеска беше затворен поради неидентификувани дронови. Тоа доведе до откажување на повеќе од десет летови.
Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното.
Властите засега не потврдија од каде дошле дроновите. Неколку аеродроми низ Европа искусија слични проблеми во изминатиот период.
Минхенскиот аеродром ги известил властите откако биле забележани дронови, по што летовите биле суспендирани два часа порано од вообичаениот ноќен прекин од полноќ до пет часот. Авионите што требало да слетаат во Минхен биле пренасочени кон Франкфурт, Нирнберг, Виена или Штутгарт.
„Бидејќи беше темно, не се знаат видот, големината или потеклото на дроновите. Тие првпат биле видени во 21:30 часот, а потоа повторно еден час подоцна“, соопшти полицијата.
Осло, Копенхаген и уште неколку дански градови беа принудени привремено да ги затворат своите аеродроми поради неидентификувани дронови. Русија негираше дека е вмешана во ова.