Неколкумина луѓе се повредени кога предниот дел на авионот „боинг 787“ неочекувано падна додека паркираше на аеродромот во Франкфурт, соопшти операторот „Луфтханза“.
„Патниците сè уште се немаа качено во тој момент“, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека членовите на екипажот и аеродромскиот персонал биле во авионот во времето на инцидентот.
„Неколкумина членови на персоналот се повредени и примаат лекарска помош“, додаде компанијата.
Портпарол на „Боинг“ изјави дека компанијата е свесна за инцидентот, но не даде дополнителни детали. Инцидентот се случил во 12:45 часот, пред авионот да полета за Лос Анџелес.
„Моментално ги истражуваме точните околности со надлежните органи“, додаде „Луфтханза“.



