Неколку луѓе загинаа и има повредени откако автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм. Трагедијата се случи околу 15 часот во централниот дел на градот.
Полицијата го опиша инцидентот како тешко убиство од небрежност и засега не го објави бројот на жртвите.
Националната телевизија СВТ кажа дека двокатниот автобус ѝ припаѓа на компанијата „Трансдев“, која ја води локалната автобуска служба во северен Стокхолм. Еден очевидец изјави дека автобусот удрил во столб пред автобуската станица.



