Централната команда (ЦЕНТКОМ) на САД, 12 часа по почетокот на нападите врз Иран, кажа дека нема американски жртви и предзвикана е минимална штета во американските бази и покрај „стотици ирански напади со ракети и беспилотни летала“. ЦЕНТКОМ рече дека целите во Иран вклучуваат командни објекти на Револуционерната гарда, капацитети за воздушна одбрана, места за лансирање ракети и беспилотни летала и воени аеродроми.
Американските сили што го напаѓаат Иран се фокусираа на локации „кои претставуваа непосредна закана“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ. Нападите, кои започнаа кратко пред 10 часот во Техеран, вклучуваа „прецизна муниција лансирана од воздух, копно и море“.
ЦЕНТКОМ соопшти дека американската војска, исто така, за прв пат во борба употребила евтини еднонасочни беспилотни летала за напад. Операцијата, наречена „Епски бес“, е „најголемата регионална концентрација на американска воена огнена моќ во една генерација“, соопшти ЦЕНТКОМ.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот Доналд Трамп разговарал со лидерите на Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, му пишал на Советот за безбедност на ОН, барајќи од 15-членото тело „да преземе итни мерки како одговор на ова нарушување на меѓународниот мир и безбедност“. Се очекува Советот подоцна да одржи итен состанок. Арагчи повтори дека Иран ќе продолжи да возвраќа со сите потребни средства и дека „сите бази, објекти и средства на непријателските сили во регионот ќе се сметаат за легитимни воени цели“.
Израел и САД денеска започнаа напади врз Иран. Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека акцијата ќе им даде шанса на Иранците да ја соборат автроитарната власт. Иран возврати со напади врз Израел и и земјите од Заливот.
Сè уште нема изјава ниту информации за врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Извори велат дека иранскиот министер за одбрана и командантот на Револуционерната гарда се убиени во нападите, кои предизвикаа страв и паника кај Иранците кои бегаат од градовите.
Глобалните авиокомпании ги откажаа летовите низ Блискиот Исток.



