НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ХАМАС И ПУТИН ДА ПОБЕДАТ, КАЖА БАЈДЕН, ЌЕ БАРА ОД КОНГРЕСОТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ИЗРАЕЛ И УКРАИНА

    НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ХАМАС И ПУТИН ДА ПОБЕДАТ, КАЖА БАЈДЕН, ЌЕ БАРА ОД КОНГРЕСОТ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ИЗРАЕЛ И УКРАИНАОд нападот на Хамас на Израел загинаа 3.500 луѓе во Газа, а еден милион се раселени (Фото: АП)

    Џо Бајден побара од американските граѓани да потрошат уште милијарди долари за да му се помогне на Израел во борбата против Хамас, додека израелскиот министер за одбрана најавува почеток на копнена офанзива во Газа. Во ТВ-обраќањето од Белата куќа ноќеска, во кое се осврна и на напорите на Украина да се спротивстави на руската инвазија, Бајден кажа дека Хамас сака да ја уништи израелската демократија.

    Тој истовремено нагласи дека на палестинските цивили во Газа под итно им е потребна помош во храна, вода и лекови.

    Бајден кажа дека денеска ќе побара од Конгресот да одобри дополнителни средства за Израел, Украина и други странски партнери. Се верува дека станува збор за сума од 105 милијарди долари, од кои 60 милијарди се однесуваат на Украина, а 14 за Израел.

    Тоа е паметна инвестиција која ќе се исплати за американската безбедност за следните неколку генерации“, изјави Бајден.

    Тој притоа го спореди Хамас со Владимир Путин.

    Хамас и Путин претставуваат различни закани, но имаат една заедничка цел: сакаат целосно да ја уништат демократијата на својот сосед. Путин ја негира државноста на Украина. Знам дека овие конфликти изгледаат далечни и со право се прашувате што им значат на Американците. Успехот на Израел и Украина е од витално значење за американските национални интереси. Ризикот од конфликт и хаос би можел да се прошири и во други делови од светот, особено на Блиски Исток. Нема да дозволиме Хамас и Путин да победат“, заклучи Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира