НЕМА ДА ПОДЛЕГНЕМЕ НА ПРИТИСОКОТ НА КИНА, КАЖА ТАЈВАНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

    НЕМА ДА ПОДЛЕГНЕМЕ НА ПРИТИСОКОТ НА КИНА, КАЖА ТАЈВАНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТајван одржа воена парада за Националниот ден и најави дека ќе ја засили својата одбрана (Фото: ЕПА)

    Тајван нема да подлегне на притисокот на Кина и ќе го брани својот демократски начин на живот, кажа претседателката Цаи Инг-вен во својот говор среде засилените тензии околу островот.

    „Колку повеќе постигнуваме, толку е поголем притисокот од Кина“, изјави Цаи.

    Нејзиниот говор за Националниот ден на Тајван следува откако кинескиот претседател Шји Џјинпинг вети дека го оствари целосното обединување на Кина. Пекинг во минатото не ја отфрлуваше опцијата за можна употреба на сила за да се постигне обединувањето, иако последниот говор на Шји имаше посмирен тон.

    Цаи беше избрана минатата година, ветувајќи дека ќе му се спротивставува на Пекинг.

    „Тајван се наоѓа во првите одбранбени редови на демократијата. Нема да дејствуваме избрзано, но ќе ја засилиме нашата одбрана за да обезбедиме дека никој нема да нè натера да одиме по патот што Кина го замисли за нас. Тој пат не нуди слободен и демократски начин на живот за 23 милиони жители на Тајван“, кажа Цаи.

    Во изминатите денови, повеќе од 150 кинески борбени авиони влегоа во одбранбената воздушна зона на Тајван, што, според аналитичарите, било предупредување до тајванската претседателка во пресрет на Националниот ден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира