Доналд Трамп ја исклучи можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, за што се залагаат некои негови поддржувачи како шанса да остане во Белата куќа и по истекот на неговиот втор претседателски мандат.
„Дозволено ми е да го направам тоа, но нема да го направам. Мислам дека е преслатко и затоа нема да го направам. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Не би било во ред“, кажа Трамп.
Според 22. амандман додаден во американскиот устав во 1951 година, никој не може биде претседател во три мандати. Некои предлагаат дека ова би можело да се заобиколи така што Трамп ќе стане потпретседател и ќе го замени претседателот кога тој ќе даде оставка. Други сметаат дека ова би било незаконски.
Трамп ќе има 82 години кога ќе му истече вториот мандат. Запрашан во март дали и на таа возраст би сакал да ја врши „најтешката работа на светот“, тој одговори:
„Знаете, јас сакам да работам“.



