НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО ДЕНЕШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА, ИМА ЗАГИНАТИ И ВО ХОСТЕЛОТ ВО КОЈ УДРИЛ АВИОНОТ

    НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО ДЕНЕШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА, ИМА ЗАГИНАТИ И ВО ХОСТЕЛОТ ВО КОЈ УДРИЛ АВИОНОТВо авионот, кој летал за Лондон, имало 232 патници и 12 членови на екипажот (Фото: Гети)

    Авионот на „Ер Индија“ кој денеска падна набргу по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад се урнал во хостел во кој престојуваат медицински лица и студенти по медицина. „Си-Ен-Ен Индија“ објави дека авионот удрил во трпезаријата на државниот хостел, при што има загинати.

    Спасувачите досега извлекле најмалку 35 тела од местото на несреќата, но имало уште заглавени.

    Во авионот, кој летал за Лондон, имало 232 патници, од кои 13 деца и 12 членови на екипажот. Меѓу нив имало 169 Индијци, 53 Британци, седум Португалци и еден канадски државјанин, соопшти авиокомпанијата. Од локалната полиција кажаа дека веројатно нема преживеани.

    Авионот „боинг 787-8 дримлајнер“, еден од најмодерните патнички авиони денес, се урна во станбена област неполна минута по полетувањето. Според податоците на „Флајтрадар24“, авионот нагло се искачил до 190 метри, по што бил изгубен контактот. Авионот претходно испратил сигнал за тревога до контролата на летање, но потоа немало одговор.

    Ова е прва несреќа на „боинг 787-8 дримлајнер“, кој влегол во служба во 2009 и досега биле испорачани над 1.000 авиони на десетици авиокомпании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира