НЕМА СОЗНАНИЈА ДЕКА ПУТИН Е БОЛЕН, ВЕЛИ ШЕФОТ НА ЦИА

    НЕМА СОЗНАНИЈА ДЕКА ПУТИН Е БОЛЕН, ВЕЛИ ШЕФОТ НА ЦИАВо медиумите се појавуваа непотврдени информации дека Путин има рак (Фото: ЕПА)

    Нема разузнавачки сознанија дека Владимир Путин е нестабилен или болен, изјави шефот на ЦИА, Вилијам Барнс. Во изминатиот период, во медиумите се појавуваа непотврдени информации дека рускиот претседател е со нарушено здравје и дека дури има рак.

    Сепак, Барнс вели дека нема докази за тоа и се пошегува дека Путин се чини прездрав.

    Има многу шпекулации за здравјето на Путин, но колку што знаеме, тој е целосно здрав“, изјави Барнс, кој служеше како американски амбасадор во Русија.

    Тој ја коментираше состојбата на Путин додека САД се подготвуваат да испратат нови оружја со долг дострел во Украина, а Русија најави дека ќе ги прошири своите воени активности и надвор од Донбас.

    Путин верува во контрола, заплашување и изедначеност и овие особини се зацврстија во текот на последната деценија, додека неговиот круг советници се намали. Тој е убеден дека неговата судбина како руски лидер е да ја обнови Русија како голема сила и не може да го постигне тоа без влијанието врз околните земји и без да ја контролира Украина. Неговите планови за Украина се базираа на погрепни претпоставки и некои реални илузии. Тој верува во својата реторика. Неколку пати низ годините сум го слушнал како вели дека Украина не е вистинска држава“, вели Барнс.

    САД проценуваат дека досега загинале околу 15.000 руски војници, а 45.000 се ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира