НЕМА ВЕЌЕ ДА ПОТПИШУВАМ ПОМИЛУВАЊА ЗА ПРИВЕДЕНИ ДЕМОНСТРАНТИ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ НА СТУДЕНТИТЕ ВО БЕЛГРАД

    НЕМА ВЕЌЕ ДА ПОТПИШУВАМ ПОМИЛУВАЊА ЗА ПРИВЕДЕНИ ДЕМОНСТРАНТИ, КАЖА ВУЧИЌ ЗА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ НА СТУДЕНТИТЕ ВО БЕЛГРАДЗа време на вчерашниот протест во Белград се приведени 38 лица, од кои еден малолетник. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги студентските протести во Белград, изјави дека „насилството не може да ја победи Србија“ и дека државата „не застанала, ниту ќе застане“. Тој вели дека нема да потпише никакви помилувања за приведените демонстранти.

    „Како што навестив дека ќе се случи, Србија победи. Не можете да ја победите Србија со насилство“, изјави Вучиќ.

    Тој вели дека веќе седум месеци траат „терористички дела“ и дека синоќешната објава на студентите била „директен повик на граѓански судири и на напади на полицијата“.

    „Нема да потпишам помилувања, ниту каква било аболиција од кривично гонење, откако 500 пати ги предупредивме да не вршат насилство. Ќе правам разлика меѓу факултетите кои рекоа дека нема да учествуваат во насилство и оние кои свесно сакаа да предизвикаат крвопролевање“, кажа Вучиќ.

    На истата прес-конференција говореше и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

    „За време на воспоставувањето на редот и мирот повредени се вкупно 48 полицајци. Еден полицаец се здобил со тешки повреди, има повреди на главата и скршеница на јаболчната коска, најверојатно од фрлен камен“, рече Дачиќ.

    Дачиќ кажа и дека се приведени 38 лица, меѓу кои и еден малолетник. Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 ќе биде поведена прекршочна постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира