НЕМАМЕ ДОВЕРБА ВО АМЕРИКАНЦИТЕ, ЌЕ ПРЕГОВАРАМЕ САМО АКО СЕ СЕРИОЗНИ, КАЖА ИРАН

    НЕМАМЕ ДОВЕРБА ВО АМЕРИКАНЦИТЕ, ЌЕ ПРЕГОВАРАМЕ САМО АКО СЕ СЕРИОЗНИ, КАЖА ИРАНСАД и Иран договорија прекин на огнот минатиот месец, но досега не успеаја да постигнат договор за траен мир (Фото: АП)

    Иран нема доверба во САД и е заинтересиран да преговара со нив само ако се сериозни, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, додека разговорите за завршување на војната остануваат во мирување.

    Арагчи изјави во Њу Делхи дека сите бродови можат да поминат низ Ормускиот Теснец, освен на оние држави кои се во војна со Иран, ако се координираат со иранската морнарица.

    Ситуацијата околу теснецот останува многу комплицирана, но Иран секогаш ќе ја извршува историската должност како заштитник на безбедноста во Ормуз“, рече Арагчи.

    Иран го затвори теснецот за најголемиот број бродови по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, откако порано низ него минуваше една петина од светскиот извоз на нафта и гас. САД и Иран договорија прекин на огнот минатиот месец, но досега не успеаја да постигнат договор за траен мир, откако во Пакистан се одржа само една рунда директни разговори. Вашингтон неодамна го отфрли иранскиот одговор на американските предлози за завршување на војната.

    Контрадикторните пораки ни предизвикаа сомнежи за вистинските намери на Американците. Мировниот процес не пропаднал, туку е во тешкотии“, додаде Арагчи.

    Трамп последно кажа дека САД би прифатиле и 20-годишно замрзнување на иранската нуклеарна програма, откако досега бараше нејзино целосно прекинување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира