НЕМАМЕ ЛОШИ НАМЕРИ КОН СОСЕДИТЕ, КАЖА ПУТИН И ПОВИКА НА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ

    НЕМАМЕ ЛОШИ НАМЕРИ КОН СОСЕДИТЕ, КАЖА ПУТИН И ПОВИКА НА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕПутин вели дека руската економија ќе се прилагоди на сегашната ситуација (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин ја повика меѓународната заедница на нормализирање на односите со Русија и им порача на своите соседи да не ја влошуваат ситуацијата со дополнителни санкции.

    „Немаме лоши намери кон нашите соседи. Сметаме дека нема потреба да преземаат дополнителни акции со кои би ги влошиле нашите односи, ние ги исполнуваме нашите обврски. Мислам дека сите треба да размислат како да ги нормализираме односите и да соработуваме. Оние кои ќе одбијат да соработуваат ќе и наштетат на Русија, но и на себеси“, изјави Путин.

    Тој додаде дека руската економија ќе се прилагоди на сегашната ситуација.

    „Земјата развива нови способности и проекти за да се справи со проблемите кои се пред нас. На крајот, ќе имаме корист од овие санкции“, кажа Путин.

    Голем број земји, вклучувајќи ја и неутралната Швајцарија, се придружија кон санкциите за Русија, кои првенствено се насочени кон нејзините финансии и економија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира