Објектот што падна во северен Кипар ноќеска изгледа е руска ракета, рече министерот за надворешни работи на турскиот дел од Кипар Кудрет Озерсај.
„Првата проценка е дека станува збор за руска ракета, дел од систем за противвоздушна одбрана, кој бил активиран ноќеска по воздушен напад против Сирија, го комплетирала својот домет и паднал на нашата територија откако промашил“, соопшти Озерсај.
Објектот падна на планина северно од престолнината Никозија.