НЕТАНЈАХУ ДОЖИВЕА ПОЛИТИЧКА КАТАСТРОФА, ДРУГИ ОДЛУЧУВАА ЗА НЕГО, КАЖА ЛИДЕРОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН

    НЕТАНЈАХУ ДОЖИВЕА ПОЛИТИЧКА КАТАСТРОФА, ДРУГИ ОДЛУЧУВАА ЗА НЕГО, КАЖА ЛИДЕРОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПРИМИРЈЕТО СО ИРАНОд кабинетот на Нетанјаху кажаа дека Либан не е вклучен во двонеделниот прекин на огнот (Фото: АП)

    Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го критикуваше начинот на кој премиерот Бенјамин Нетанјаху ја водеше војната со Иран, откако владата ноќеска кажа дека го поддржува примирјето склучено помеѓу Вашингтон и Техеран. Од кабинетот на Нетанјаху кажаа дека Либан не е вклучен во двонеделниот прекин на огнот, иако Иран и посредникот Пакистан рекоа дека е.

    Лапид ја опиша ситуацијата како политичка катастрофа за Израел.

    Израел дури и не бил на масата кога биле донесени одлуки кои се однесуваат на суштината на нашата национална безбедност. Војската направи се што беше побарано од неа, јавноста покажа неверојатна отпорност, но Нетанјаху не успеа политички, ни стратешки и не исполни ниту една од целите што самиот си ги постави“, кажа Лапид.

    По веста за примирјето остана нејасно во кој обем ќе продолжат борбите во Либан, вториот фронт во војната, каде што досега загинале повеќе од 1.500 луѓе, повеќето од нив цивили.

    Ќе ни требаат години за да ја поправиме политичката и стратешката штета што ја нанесе Нетанјаху поради ароганција, небрежност и недостаток на стратешко планирање“, порача Лапид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира