Бившиот премиер Бењамин Нетанјаху се наоѓа пред победа на денешните парламентарни избори во Израел, велат излезните анкети. Според нив, десничарскиот блок има мало мнозинство во однос на своите ривали.
Овој резултат би значел голем политички камбек на Нетанјаху, кој беше премиер 12 години, пред да ја изгуби власта минатата година. Официјалните резултати се очекуваат во следните часови.
Ова беа петти избори во Израел за помалку од четири години. Излезните анкети велат дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе освојат доволно пратенички места за да формираат влада.