НЕУТРАЛНИТЕ ШВАЈЦАРИЈА И АВСТРИЈА ЌЕ СТАНАТ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЧКАТА ЕВРОПСКА ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНА

    НЕУТРАЛНИТЕ ШВАЈЦАРИЈА И АВСТРИЈА ЌЕ СТАНАТ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЧКАТА ЕВРОПСКА ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНАДеветнаесет држави досега се приклучија на иницијативата „Небесен штит“ (Фото: Шатерсток)

    Традиционално неутралните Швајцарија и Австрија потпишаа указ за приклучување кон европскиот воздушен одбранбен систем „Небесен штит“. Тој беше инициран од Германија по руската инвазија на Украина и им овозможува на европските земји заедно да купуваат противвоздушни системи и заедно да се обучуваат.

    Ова се смета за историски момент за Швајцарија и некои нејзини жители сметаат дека на тој начин се доведува во прашање долготрајната воена неутралност на земјата. Ова ќе беше незамисливо до пред некоја година, но руската агресија на Украина веќе го промени ставот на некои држави, па Шведска и Финска побараа прием во НАТО.

    И Австрија се води како неутрална држава и владата тврди дека овој статус може да се задржи со здружување на воените ресурси.

    Деветнаесет држави досега се придружија на иницијативата „Небесен штит“, меѓу кои и Велика Британија, Унгарија, Романија и Бугарија.

    Швајцарија ги поддржа санкциите против Русија, но парламентот минатиот месец гласаше против предлогот за испраќање муниција и оружје од швајцарско производство во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира