НЕВАКЦИНИРАН КАНАЃАНЕЦ ДОБИ СУДСКА ЗАБРАНА ДА СЕ ГЛЕДА СО СИН МУ

    НЕВАКЦИНИРАН КАНАЃАНЕЦ ДОБИ СУДСКА ЗАБРАНА ДА СЕ ГЛЕДА СО СИН МУОва е прв случај родител да нема пристап до своето дете врз основа на имунизација (Фото: Гети)

    Канаѓанец кој не е вакциниран против ковид-19 привремено го изгуби правото да се гледа со својот 12-годишен син. Судијата кажа дека посетите не би биле во најдобар интерес на детето.

    „Ова е прв случај родител да нема пристап до своето дете врз основа на имунизација“, изјави експерт по семејно право за канадскиот весник „Ле Девоар“.

    Судската одлука била донесена на крајот на минатиот месец во провинцијата Квебек, при што таткото ќе нема право да си го посетува синот до февруари, освен ако во меѓувреме не се вакцинира. Мајката, која се противела на првичното барање на таткото да го зголеми своето време за посети, му кажала на судот дека дури неодамна дознала дека тој не е вакциниран, при што на социјалните мрежи пишувал против вакцинирањето.

    „Поради последното ширење на коронавирусот во Квебек, не е во интерес на детето да има контакт со својот татко“, кажал судијата.

    Квебек, каде што 90% од жителите се вакцинирани, деновиве соопшти дека ќе воведе посебен данок за невакцинираните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира