НИЕ СМЕ ВО ВОЈНА, ВЕЛИ ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР МИЦОТАКИС ЗА ПОЖАРИТЕ КОИ И НОЌЕСКА БЕА ВОН КОНТРОЛА

    НИЕ СМЕ ВО ВОЈНА, ВЕЛИ ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР МИЦОТАКИС ЗА ПОЖАРИТЕ КОИ И НОЌЕСКА БЕА ВОН КОНТРОЛАЦивилната заштита предупреди дека во речиси целата земја постои висок ризик од појава на пожари (Фото: ИнТајм њуз)

    Пожарникарите цела ноќ се бореа со пожарите на островите Родос, Евија и Крф, како и на Пелопонез, додека силните ветрови, високите температури и сувите услови продолжуваат да ѝ даваат поттик на огнената стихија низ Грција.

    Ние сме во војна, сите мора да бидат на штрек во следните неколку недели“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

    На Родос, каде што викендов беа евакуирани над 19.000 луѓе, главно туристи, пожарите се шират во области на југоистокот и северот на островот, каде што ситуацијата се опишува како особено предизвикувачка.

    Повеќе од 2.000 туристи вчера беа вратени дома со 17 авиони, а тур операторите ги откажуваат предвидените летови кон Грција. Летовите за собирање туристи ќе продолжат и денеска, бидејќи пожарите остануваат вон контрола.

    Цивилната заштита предупреди дека во речиси целата земја постои висок ризик од појава на пожари. Поради силниот топлотен бран се затвораат и археолошки локалитети.

    Во изминатите десетина дена, во Грција пламнуваа околу 50 шумски пожари на ден. Во неделата се забележани 64 нови пожари, а вчера ги имаше повеќе од 80“, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис.

    По пеколниот викенд, уште стотици луѓе вчера беа евакуирани од две области на Родос.

    Пожарникарските служби немаат запрено со интервенции од минатиот вторник. Тие работат во многу тешки услови поради екстремната жештина“, изјави портпаролот на атинските пожарникари Јоанис Артопиос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира