НИКОГАШ НЕ БИ ЈА ПРАТИЛ ВОЈСКАТА НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ, ИЗЈАВИ СЕКРЕТАРОТ ЗА ОДБРАНА НА САД

    НИКОГАШ НЕ БИ ЈА ПРАТИЛ ВОЈСКАТА НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ, ИЗЈАВИ СЕКРЕТАРОТ ЗА ОДБРАНА НА САДДосега низ САД се распоредени 20.000 припадници на Националната гарда (Фото: АП)

    Секретарот за одбрана на САД Мајк Еспер кажа дека никогаш не би ја испратил војската на улиците за да ги запре протестите кои веќе осум дена се одржуваат низ земјата како реакција на убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и често прераснуваат во палежи и грабежи. Ова уследи два дена откако Доналд Трамп им се закани на демонстрантите со војската, но Еспер вели дека тој може да се повика на Чинот на востание само во „најитни и најстрашни ситуации“.

    „Не го поддржувам активирањето на чинот на востание. Ова не е една од тие ситуации. Тоа е крајна опција, а сега не сме стигнале до таму“, изјави Еспер.

    Пентагон стави во состојба на подготвеност неколку воени единици во базите надвор од Вашингтон, но Еспер кажа дека не им е дадена никаква наредба за акција.

    Трамп претходно кажа дека масовното распоредување на Националната гарда во сојузните држави се покажало како добар модел како да се запре насилството што ги придружува протестите.

    „Мора да бидете доминантна сила. Ни требаат ред и закон“, изјави Трамп.

    Голем број градови воведоа полициски час, но протестите продолжија и изминатата ноќ, со тоа што беа далеку помирни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира